Пејачката Селин Дион ја обожуваме од повеќе причини.
Ја обожуваме заради нејзиниот извонреден глас, нејзините фантастични изведби на најромантични песни, игрите со модниот стил, заради кои sвездата се трансформира до непрепознатливост …

Веќе ја видовме во преголемо крзнено палто и високи потпетици, потоа во модел на Баленсијага, извонреден цветен костум, а нејзиниот вчерашен стил потсетува на жена која тргнала  на лов.

Пејачката се појави во наметка – фустан во кафена боја со кариран принт, карактеристичен за облеката на британските аристократи.

Таа го надополни својот стајлинг со капа и пердуви од фазан и високи кожни чизми. Доколку сакате да го репродуцирате стајлингот на Селин Дион, побарајте ги сите горенаведени елементи во колекцијата на брендот Мајкл Корс.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПролетен тренд: Кратките чизми ќе го надополнат вашиот стил!
Следна објаваВрвно одмаралиште: One&Only Portonovi во Црна Гора се отвора на 01.07. 2020!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР