Даниел Ли, кој минатата година ја презеде функцијата креативен директор на Bottega Veneta, стана главна sвезда на British Fashion Awards – 2019, во организација на British Fashion Awards!

Дизајнерот освои четири престижни награди: „Бренд на годината“, „Дизајнер на годината“, „Најдобар дизајнер на женска облека“ и „Најдобр дизајн на модни додатоци“.

Новата Bottega Veneta pre fall 2020 колекција е минималистичка. Тиркизните, црвените, зелените, розовите и песочните бои беа одговорни за светлиот стајлинг.  Стиловите кои ги претставува дизајнерот не се нови, тие само се појавија во нова варијанта.

Има дводелни костуми, кожни панталони и палта, плетени фустани, бермуди. Фустаните се намерно украсени со лежерни пораби. Чантите добија гигантска димензија, а чевлите ќе станат хит модели на сезоната.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваH&M новогодишна рекламна кампања!
Следна објаваСтанете sвезда на секоја забава: најдобри празнични макси фустани!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР