Cruise колекцијата на брендот Alexander McQueen изгледа како вистинска haute couture …

Цветните фустани, како да се направени од свилена хартија со техниката на оригами, демонстрираат високо мајсторство на британскиот крој – како и архитектонските блејзери или здолништата со набори изработени од кожа.

Фокусирајќи се на фуксијата на многу начини, Сара Бартон ја комбинираше со црвената: изгледа дека ова ќе биде нашата омилена комбинација на бои следната сезона.

Талентираната дизајнерка ги позајми идеите за цветните принтови  од Кралската ботаничка градина во Лондон, оживувајќи ги ретките или  изумрени цвеќиња од колекцијата на главниот хербариум во земјата.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПалта кои истовремено се тренд и класика!
Следна објаваФилмски едукативни работилници за деца во неколку градови
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР