Модната недела заврши во Милано, запаметена од гостите по појавувањето на Џенифер Лопез на модната писта.

Исто така, Модната недела во Милано ќе биде запаметена по новите хит додатоци на Bottega Veneta и, се разбира, по светлите и совршени стајлинзи на sвездите на уличниот стил.

Ги одбравме главните 5 трендови видени за време на Модната недела во Милано.

Чоколадни бои …
Чоколадните нијанси станаа алтернатива за оние кои веќе се уморни од сите варијации на тема беж, но сепак сакаат топлина и удобност при креирање стајлинг.

Еднобојни стајлинзи
Друг тренд популарен во Милано е стајлинг составен во една боја. Едната е во чиста окер нијанса, друга во портокалова, а третата смело ја одбрала нијанста на морските бранови, привлекувајќи го вниманието на сите фотографи на уличниот стил.

До колена
Чизмите за колена станаа едни од најголемите модни додатоци во Милано. И покрај топлото време, гостите на ревиите со задовослтво ги носеа со мини здолништа, молив здолништа или вметнати во панталони.

Покриена глава
Аналитичарите велат дека купувачите го зголемиле буџет за капи во последните неколкусезони. Некои ова го припишуваат на популарноста на риболовните капи кои ги освоија срцата на најпознатите девојки на планетата.

Само кожа
Стајлинзи целосно составени од кожни парчиња, во Милано изгледаа како норма. Особено добро изгледаа костумите со мазни кожни здолништа, како и разните палта што беа комбинирани со едноставни маици.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОд Миланската модна неделa: чевли и сандали за 2020!
Следна објаваКаруселот на Сваровски е украсен со петнаесет милиони кристали.!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР