За својата есен / зима колекција, Atelier Versace се инспирираше од американскиот запад, поп-артот и фовизмот …

Моделите Стела Максвел и Меган Рое се појавуваат во сезонскиот каталог. Скулптурални силуети украсени со карнери, кристали Сваровски и деликатна тантела, се појавуваат низ целата есенска и зимската сезона.

Блескави метални детали, светликави реси и графичките дизајни се исто така дел од приказната.

Кратките мини-фустани и здолништа внесуваат неверојатна доза на привлечност,  додека долгите фустани имаат големи расцепи.

Различната палета на бои содржи нијанси како цитрусно-портокалова, розова и небесно сина боја.

Ремените кои ја акцентираат половината додатно ја разубавуваат силуетата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛето 2019: Фустан – кошула e “must have” парче!
Следна објаваПатување: архипелаг MENTAWAI – неистражен рај!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР