Ние велиме “не” на пластичните кеси за еднократна употреба во супермаркетите, но велеме “да” за чевлите и торбите од PVC.
Како што велат астролозите, во оваа пролетна и летна сезона треба да бидеме отворени кон светот – а модните дизајнери, исто така, го поддржуваат ова. Како инаку можете да ги објасните бројните елегантни и транспарентни сандали и торби од пластика?
Варијации на оваа тема може да се најдат во колекциите на Prada, Jil Sander, Miu Miu, Fendi, Versace, Chanel и други брендови. Транспарентни ПВЦ сандали, чевли и додатоци, се жежок тренд оваа сезона.