Од 16.04 до 28.04. 2019 год. талентираниот македонскиот сликар Михаил Корубин ќе го има своето прво самостојно претставување во “MC” галеријата во Њујорк, (проектот е подржан од министерството за култура).

Тој ќе се претстави со 15 дела од голем формат, изработени во последниве три години во техника масло и акрилик на платно.

Во каталогот за изложбата во Њујорк уметникот Михаил напиша:

“Таму каде што сум роден и израснат, пророците, светците и ангелите се со широко отворени очи. Многу генерации гледале во тие очи, а сега нивниот јасен поглед е вперен во мене, кој предизвикува чувство на личен контакт и свеченост, кое постојано ме следи.

Во почетокот е само апстракција.

Различни линии, бои и ритмови се појавуваат на платното и јас интуитивно се препознавам во нив. Секогаш сум во потрага по таа примарна состојба од која што енергијата и атмосферата ќе бидат трансформирани во синтеза на емоции од кои ќе се роди погледот.

Така започнува мојата бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и никого.

Очи во очи контактот, ме внесува во пикторалниот простор, ја засилува дадената манифестација, ја насетува силата и волшебноста на моментот кој што се уште не го постигнал својот зенит.

Сликите: Аура, Анима, Есенс, Катарзиз …

Тие не се моменти случајно одбрани од мојот изминат живот, туку се се случуваат сега, замрзнати во времето, некаде измеѓу пред и потоа”.

http://mihailkorubin.com/

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBo петок започнува второто издание на The Gentlemen’s Expo ‘19
Следна објаваЕве ја најмодерната фризура за 2019 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР