Во текот на последните неколку години, имавме можност на модните писти да ги видиме сите добро познати имиња од светот на модата од Naomi, Kate, Cindy,Claudiа Schiffer до Carlа Bruni.

Сега се врати и Christy Turlington која носеше еден од драматичните и костимирани модели од најновата колекција на Marc Jacob за есен / зима 2019/2020.

Christy се прошета во гламурозен вечерен фустан од црни пердуви, а нејзиниот изглед беше заокружен со долги кожни чизми, исто така во црна боја.

На нејзиниот Инстаграм, таа објасни зошто токму сега одлучи да се појави на модната  писта и покрај тоа што изјави во 1993 година, дека нема повеќе да работи како манекен. Една од причините е токму тоа што оваа година таа наполнина 50 години и вели дека нема никаква причина да не прави работи што ги сака.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПрегратките се добри за нашето здравје!
Следна објаваМАКЕДОНСКАТА МОДНА ДИЗАЈНЕРКА МАЈА КИКИРИИТКОВА ПОВТОРНО СЕ ВРАЌА НА МОДНАТА СЦЕНА
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР