Според последното истражување,Gucci е официјално број 1 на листата на најпопуларните брендови во светот.
Истражувањето беше спроведено од страна на The Lyst Index, кој го анализира однесувањето на над 5 милиони корисници кои бараат и купуваат околу 12 000 брендови во онлајн светот.
Оваа година, Gucci го презеде тронот на минатогодишниот победник Off White. Повеќе од 6 милиони корисници ги разгледаа и пребаруваа Gucci чантите, ремените или чевлите од октомври до декември 2018 година.
Два Gucci модни додатока влегоа во првите 10 најпосакувани на листата и двојно ги преминаа преостанатите осум производи.
Најпопуларниот моден додаток беше диско-торбата која беше лансирана во 2014 година, а второто парче од Gucci, на листата е најпосакуваниот ремен со логото од кое брендот има доминантен приход.