Холандските дизајнери Виктор Хорстинг и Ролф Снурен ја претставија новата колекција на Париската модна недела, со пораките што најчесто ги гледаме на социјалните мрежи.

Модниот двоец Viktor & Rolf креираше луксузни фустани од тул со оригинални пораки кои често ги наоѓаме на социјалните мрежи и кои веројатно и самите ги користиме и продолжуваме да ги споделуваме.

“Помалку е повеќе”, “Јас не сум срамежлива, едноставно не ми се допаѓаш”, “Жалам што доцнам, не сакав да дојдам” и “Без фотографирање молам” се само некои од пораките кои нивните модели ги носеа на оваа модна ревија. 

Виктор Хорстинг и Ролф Снурен уште еднаш ги одушевија своите обожаватели и покажаа дека високата мода може да биде духовита.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗошто бебињата треба да спијат со својата мајка до возраст од три години?
Следна објаваELIE SAAB на haute couture модна недела!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР