Најголемите телевизиски и филмски ѕвезди на денешницата се собраа пред хотелот Беверли Хилтон во Лос Анџелес, каде што се одржа 76 – тиот Златен глобус, а модните изданија на славните убавици оваа година, не не разочараа.

Познатата 32-годишна пејачка Лејди Гага и ѕвезда на филмот “Ѕвездата е родена” воодушеви на црвениот тепих во прекрасен и раскошен светло син фустан на модната куќа Валентино, надополнет со дијамантскиот ѓердан Тифани.

Многу ѕвезди се одлучија оваа година за прекрасни фустани во стилот на принцези. Младата актерка Кики Лејн се одлучи за бајковит розов фустан од модната куќа Диор, а актерката Констанс Ву, ѕвезда на мјузиклот “Луди богати азијати”, носеше фустан со беж тул дизајниран од Вера Ванг.

На црвениот тепих фасцинираа: Regina King, Bradley Cooper, Irina Shayk, Julianne Moore, Catherine Zeta Jones, Debra Messing, Janelle Monáe, Holly Taylor, Jeannie Mai, Gina Rodriguez, Lupita Nyong’o, Saoirse Ronan, Lilly Reinhart, Nicole Kidman, Penelope Cruz и многу други.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНеколку причини зошто ја губите косата?
Следна објаваНеверојатно практична и шик Balenciaga торба!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР