Креирање на smart casual outfit или да речеме во духот на нашиот јазик – лежерен изглед е да се постигне стилски имиџ, кој  вели дека не сте вложиле премногу труд за да изгледате одлично.

Тоа е совршен моден ансамбл кој може да одговара за било која вечер со пријателите, на пијалок со колегите или настан во кругот на фамилијата.

Може да биде исклучително тешко да се постигне овој тип на ноншаланција, пособно ако сте навикнати на класична облека, но тука се и некои мали совети во врска со smart casual облекувањето …

Тексас фармерки
Кога станува збор за smart casual облекување, мислењата се поделени, но општо земено, фармерките се дозволени сè додека изгледате уредно. Подобар е темен тексас, а може и слим фармерки, кои совршено ќе се комбинираат со совршено испеглана кошула.

Кожна јакна
Добра кожна јакна треба да биде камен-темелник на секој smart casual стил. Изберете  вистинкса кожна јакна, бидејќи тоа парче облека е бескрајно флексибилно, од кое нема да се разделувате. Ако не можете да се замислите во кожа, тегет капут е секогаш добра алтернатива, бидејќи е класичен и едноставен. Спарете го со обична кошула, панталони и елегантни чевли.

Кошула
Логоа и кошули со тешка графика не се дозволени ако сакате да постигнете smart casual стил. Едноставна бела кошула, ја прави совршената основа за градење на секој smart casual изглед. Доволно флексибилно што можете да ја носите истата кошула во канцеларија и во кафуле, после работа, како и на вечера со вашето семејство.

Никогаш не можете да имате премногу бели кошули. Маиците се прифатливи во одредени ситуации, но бидете сигурни дека се добро комбинирани со панталоните.

Чевли
Иако модните додатоците како што се шаловите и очилата за сонце се вообичаени во многу smart casual комбинации, всушност, чевлите се тие кои го поврзуваат и комплетираат вашиот целокупен изглед. Slip on патиките, мокасините или бродариците се одличен избор, како и некои елегантни чизми.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЛуксуз на отворено!
Следна објаваМијалници како уметнички дела!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР