Нова хит боја на коса за 2019 година!

Нова хит боја на коса за 2019 година!

 

Пастелната боја на коса повторно ги враќа своите пет минути на слава

Instagram/ @khloekardashian

Само во изминатиот месец, својата коса во пастелно-розова боја ја обоија Кајли Џенер, Клое Кардашијан и Бела Хадид и така потврдија дека се работи за нов тренд, а на истиот потег се одлучи и Лејди Гага.

Пејачката и од неодамна актерка, ја одбра бојата која Пинтерес ја најави како најголем хит за 2019 година, интересот за неа во изминативе неколку дена вртоглаво расте, а станува збор за виолетовата боја. Новиот изглед на Гага беше објавен на Инстаграм од страна на нејзиниот свршеник Кристијан Карино.

Пејачката делумно ја нијансирала нејзината платинеста коса во нежна пастелна нијанса, оставајќи неколку прамени во старата боја. Новата боја дефинитивно ја освежи и веруваме дека овој тренд дефинитивно ќе биде актуелен во 2019 година.

Instagram/ @christiancarino

СПОДЕЛИ
Претходна објаваGUCCI: Новата кампања Le Marché des Merveilles на накит е исклучителна!
Следна објаваИдеи за декорирање на домот со Living Coral – хит боја за 2019!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР