Оваа сезона модната куќа Balenciaga одлучи да ги реши глобалните проблеми во светот.

Од новата сезона, раководството на куќата почна да соработува со Светската програма за храна, „World Food Programme“ како би привлекле максимално внимание за гладните луѓе ширум светот. Со поддршка, брендот се надева дека ќе го реши проблемот со храната до 2030 година.

Во рамките на планираната програма, на модната ревија во Париз беа претставени  пачињата со логото на WFP, а некои од нив имаат слоган “Спасување на живот, промена на животот”.

Секој производ со логото ќе се продава за добротворни цели. Како пример, дадени се  податоците: купување на капа со WFP букви, значи купување на 200 пакети со висококвалитетни бисквити, а јакната може да обезбеди купување пакет на храна за 100 семејства. Оваа поддршка ќе биде дополнување на донацијата од 250.000 долари направена од Balenciaga во фондот WFP.

Покрај облеката со натписот WFP, Balenciaga во новата сезона понуди карирани капути, блејзери, ролки во блок бои, кадифни фустани и плиш-чорапи со светли бои.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФустани за пречек на Новата 2019 година!
Следна објаваОТВОРЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ НА DANCELAB 2019
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР