Модната куќа Chanel веќе нема да користи крзно и кожа од животни во своите колекции.
Покрај тоа, тие рекоа дека ќе работат на развој на нови одржливи материјали кои нема да и наштетат на животната средина.

Bruno Pavlovsky претседателот на модната куќа Chanel рече дека оваа одлука е меѓу другото практична, бидејќи тешко е да се најдат кожи од животни кои ќе ги задоволат етичките стандарди и стандарди на овој бренд.

Кожните чанти со години беа заштитниот знак на модната куќа Chanel и беа првиот избор на многу познати личности. Pavlovsky укажува дека без оглед на тоа, дизајнерски тим и во иднина ќе ги задржи високите естетски стандарди.

Организацијата за заштита на животните (PЕТА) го пофали овој потег на Chanel и нагласи дека и другите модни куќи треба да го следат нивниот пример.

Chanel се приклучи на листата на високите модни брендови, меѓу кои и Gucci, Versace, Burberry и Michael Kors, кои ги отстранија крзнaта од своите колекции.

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Новогодишен свет на бајките” во Скопје City Mall!
Следна објаваКреирајте невообичаени елки со новогодишни орнаменти!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР