Пјерпаоло Пичоли ја претстави колекцијата Valentino pre fall 2019 во Токио за првпат.

Дизајнерот сакаше да се одвои од историскиот свет на исполираната убавина на куќата и ја презентираше колекцијата во бетонско складиште покрај реката, каде што бродовите некогаш го полнеле својот товар.

За првата презентација на Valentino во Токио, беше избрана колекција на огнено црвени фустани што неодоливо потсетуваат на цветови од роза.

Од романтични кратки модели со тул, кои потсетуваа со формата на 60-тите години на минатиот век, до фустани од тантела со волани и набори, оваа колекција предизвика одушевување кај модната публика.

“Ја сакам културата на Јапонија”, рече Пичоли. “Таа е многу модерна со традиција која е романтична, а не носталгична – таа е дел од сегашноста”.

“Западната култура се држи до: симетрија, совршенство, статична убавина, додека vabi-sabi е близок до хармонијата и внатрешната благодет (милост)”. Времето минува и додава, не одзема. “Засега е навистина интересно – во минатото убавината беше совршенство, но јас навистина мислам е убавина во разновидноста “, рече Пиколи.

На ревијата беа прикажани асиметрични кроеви, карнери, големи машни, тантели и цветни дезени кои се симболи на брендот Valentino и тоа во неколку сегменти поделени со боја, црвена, црна, црна-бела и тегет.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTeddy Holiday 2018 – празнична кампања на Moschino!
Следна објаваЕлката “The Tree of Love” на Diane von Furstenberg во Claridge’s!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР