Riccardo Tisci во колекцијата BURBERRY за есен/зима 2019 година ги имплементираше  неговите омилени животински мотиви, со горила која се појавува на маици, еднорози кои галопираат по свилени шалови, леопард крагни на палтата со отпечаток на далматинец … А исто така, ги украси и традиционалниот тренч мантил и костумите.

Новиот TB монограм кој дизајнерот го презентираше на модната публика претходно оваа година, се појавува како деликатна итерација на сатенските здолништа, свилени блузи и ешарпи.

Маестралната вештина на Riccardo Tisci се рефлектира во мешањето на материјалите и стиловите, како во оваа колекција твид и свила, уличната мода и софистицираната.

Плетивата се исто така одлични во оваа колекција, како и иновацијата која ни ја претстави дизајнерот – големата полнета и штепана шарена наметка со интересни бои и мотиви. Сигурни сме дека кога се работи за додатоците, оваа наметка може да биде одличен моден хит.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам: Новогодишни декорации од природата!
Следна објаваТоп шест острови за тропски новогодишен и божиќен одмор!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР