На 10 декември во Музејот на град Скопје ќе биде реализирана изложба на нашата афирмирана уметница Јана Јакимовска, насловена како ,,Хероините на нашето време,,.

Ова е нејзина 15та самостојна изложба по ред и е пoсветена на жените-хероини, кои во минатата деценија херојски се бореа против сите општествени, социјални и други неправди на кои сите бевме сведоци кои се одвиваа во нашата држава во последната деценија.

Авторката изјави дека ова е прва од серијата проекти кои таа планира да ги изработи. Таа вели дека за нејзе пред се најважно е да се врати достоинството на портретната уметност, а со тоа да се даде еден вид на почит на жените-хероини и сите нивни заложби борејќи се за подобро утре, за права, мир и еднаквост.

Куратор на изложбата ќе биде Елена Велјановска.

Јана Јакимовска е родена во 1981 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за Ликовни Уметности во класата на професорот Вело Тасовски. Остварила девет соло изложби во Грција, Хрватска, Србија, Скопје, Литванија и Америка. Покрај сликарството таа се занимава и со графички дизајн, илустрации и фотографија.

Во моментов работи како професор на Ликовната академија `Гоце Делчев` во Штип.

10 декември во 19.00h Музеј на Град Скопје, се гледаме на изложбата!

Јана Јакимовска

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР