Ниту една есенска и зимска сезона не може стилски да се замисли без капут.

Оваа сезона, два класика се тука  и еден таканаречен “натрапник”, диктиран од најголемиот тренд на сезоната, “animal print”.

Но, да започнеме во ред:

Камел капут 

Овој класик, во својата гардероба го имаат сите модни блогерки и во ова време од годината тие секогаш со задоволство му се враќаат. Капутот во боја на камила влакна е модерен класик кој никогаш не излегува од мода, па затоа е инвестиција која вреди да се плати бидејќи ќе го носите со години.

А да не зборуваме дека овој капут е оние парчиња кои оставаат скапоцен ефект.

Кариран капут

Омилен дезен секоја зима е тартан или каро.

Оваа сезона, познатиот дезен го носиме не само во класичната колор варијанта, која подразбира сиви и кафени нијанси во ткаењето, со црн дискретен конец, туку комбинација од живописни нијанси на огнено-црвена, тегет-сина и неонска зелена, која е посебно во тренд последниве месеци.

Анимал принт

И тука се појавија варијанти, имаме палто со зебраста текстура, со шара на апстрактен тигар (кој станува се повеќе популарен), животинскиот отпечаток на леопард и за малку посмели, тоа е дрската кожа на питон.

info@imaxtree.com

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПијалок за спречување на вироза!
Следна објаваSидни мурали во слава на 100 години Bauhaus уметничка школа!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР