Името на модната креаторка Michaela Panero е прилично ново на светската модна сцена. Нејзиниот уметнички пат започнува во Њујорк во осумдесетитие години на минатиот век. За време на својот престој во “Големото јаболко” таа експериментира со разни стилови пробувајќи така да се најде себе си. По враќањето во нејзината родна Италија, таа започнува свој бизнис и така всушност започнува нејзината модна приказна. Во 2009 година таа ја отвара својата прва продавница во Милано.

Rosantica е бренд за луксузнни модни додатоци со седиште во Милано, уредена во антички стил како што е всушност изработен и целиот накит и другте модни додатоци. Она што го чини овој накит посебен е тоа што тој е исклучиво рачна изработка. Сибиоза на римски и грчки стил низ ккој провејуваат модерни облици и трендови давајќи и при тоа една посебна интерпретација на две временски епохи кои патем одлично функционираат а како резултат е добиен софистициран и елегантен изглед на уникатни парчиња накит.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР