Шти ни подготви за оваа есен брендот Guess?

Есенската сезона ќе го означи вештачкото крзно кое ги краси младешките шик  јакни во тонови кои варираат од розева до бордо, додека меѓу дезените доминираат заводливите цветни и страствените змијски.

Машката колекција ќе биде обележана со тексас јакни и фармерки, како и моторџиски јакни изработени од вештачка кожа. Искинати фармерки со ефект на износени, лежерни воени/милитари пантолони со истакнатото лого на Guess, даваат модерна, урбана нота.

Есенската колекција на чевли на овој бренд, нуди удобни чизми до зглобови со силна нота на дивиот запад во црна боја и со леопард и змија дезен, додека кај торбите доминираат преголеми модели, ранци со впечатливо лого и чанти преку едно рамо во црни и метални тонови.

Овие парчиња од оваа одлична есенска колекција можете да ги купите во продавниците Guess и Fashion & Friends.

СПОДЕЛИ
Претходна објава5 навики кои можат да ви го продолжат животот!
Следна објаваВолшебниот свет на дизајнерот Vincent Dare!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР