Студијата на Харвард откри дека усвојувањето на овие пет здрави навики, може да ви донесе до десет години подолг живот.
Со менување на начинот на живеењето, жените можат да го зголемат својот животен век за 14 години, а мажите за 12 години.

Овие пет навики вклучуваат: Здрава исхрана, редовно вежбање, одржување на нормална тежина, а исто така е пожелно да се намали консумирањето на алкохол и да се прекине со пушењето.

Иако овие факти се веќе познати, ова истражување докажува колку добар ефект можат да имаат овие здрави навики.

Исто така, луѓето кои живеат здрав живот имаат 82% пониски шанси за кардиоваскуларни болести и 65% помалку шанси за рак отколку оние кои помалку внимавале на своето здравје.

Оваа студија, објавена во Circulation, вклучувала 34 години податоци за 78.865 жени и 27 години за 44.354 мажи.

Истражувањето покажало дека одржувањето на здрави навики, без употреба на цигари, одржување на физичката активност 30 минути на ден, како и контролиран  внес на алкохол и здрава исхрана, може да има големо влијание врз должината на животниот век.

Ако 50-годишна жена почне да живее на овој начин и ги прифати сите овие здрави навики, може да очекува да живее уште 43 години. Ако не го направи тоа, се очекува да живее уште 29 години. За мажи на иста возраст, усвојувањето на овие навики може да додаде 38 години живот, иаако тие одлучат да не ги прифатат овие навики, ним им  останува приближно уште 26 години живот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобри хотели во Бриж – Белгија!
Следна објаваЖешка есенска кампања на брендот Guess!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР