Chateau Louis XIV се смета за најскапиот замок во светот, откако беше продаден за цена од над 500 милиони долари пред две години …

Сега е откриено кој е купувачот на ова архитектонско ремек-дело, а тоа е крунисаниот принц на Саудиска Арабија Мохамед Бин Салман. Списанието “Њујорк тајмс” се занимаваше со купувањето на овој замок и ги истражуваше податоците, па така дојде до заклучок дека принцот Салман е купувачот.

Неговиот идентитет беше дефинитивно откриен во погрешно време, бидејќи тој во моментов се занимава со корупција во сопствената земја и апсење на ценети бизнисмени и членови на кралското семејство на саудиското општество. Во исто време, тој беше идентификуван како купувач на многу луксузни предмети, како што е сликата на Да Винчи, која се продаде по цена од 450 милиони и јахта, која ја купил за половина милијарда долари.

Замокот кој го купил принцот Салман, бил редизајниран во 2009 година и целосно се контролира преку iPhone-апликации – од климатизацијата, преку звучниот систем, до осветлувањето и фонтаните. Дел од овој замок е подводната просторија со транспарентен застаклен таван, а меѓу другото има домашно кино и винарска визба.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваDior Rouge Dior Ultra Rouge -“Црвен бакнеж, кој никогаш нема да го заборавите”
Следна објаваСтилски начин за употреба на повеќе акцентирани бои!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР