Нашата технолошки иновативна и напредна цивилизација, се стреми кон тоа да ги направи нашите домови многу попаметни отколку што се и дигитално да се поврзат со сите можни онлајн излези …

Презентирана на саемот CES 2018, Numi W.C. шољата доаѓа како дел од најсовремената технологија, заедно со голем број на паметни опции и трикови.

Најновиот модел на интелигентен тоалет од Kohler има седиште со греачи, звучници со wireless и bluetooth опции и конекции, фен за топол воздух, чистење со топла вода, четка направена од нерѓосувачки челик со УВ санитаризација, автоматско испирање со вода, капакот се подигнува и спушта без допир, автоматски ослободување на мирисот, touch screen далечински управувач, греач за стапалата, ноќно светло, амбиентално светло, како и прилагодување на температурата, притисокот и режим на прскање вода.

Сепак, она што го прави особено интересно е компатибилноста со дигиталните гласовни асистенти, кои можат да управуваат со некои од  опции. Овој интелигентен тоалет е поврзан со новиот систем Kohler Konnect, кои понатаму можат да бидат поврзани со виртуелените асистенти Alex и Siri, а доаѓа со претходно утврдени опции и својата придружна апликација. Пред да одите во тоалет, може да ја подготвите оваа неверојатна wc шоља и да ја прилагодите на вашите преференци.

Новиот паметен Kohler Numi тоалет ќе биде достапен за купување подоцна оваа година, а цената на овој изум не е мала, изнесува 6.000 долари.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоман “Мистерија” од Федерико Аксат!
Следна објаваУникатни дестинации за венчавки!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР