Есен 2018 ви овозможува да експериментирате со облици, големини и бои. Современи каубојски чизми, животински отпечатоци, петици во квадрат, штикли, патики или оксфорд чевли.

Сигурни сме дека меѓу различните трендови, ќе го изберете оној кој најмногу ви одговара

Мјулс со детали
Овој модел на чевли ќе биде голем хит и во текот на есента. Значи, не ги враќајте во гаредроберот тие што ги носевте ова лето.

За да бидете повеќе во тренд, набавете ги тие кои имаат шнола со кристали или циркони.

Блок пета
Чевли со блок или квадратни пети не само што изгледаат трендовски, но исто така се многу удобни.

Шик Оксфорд чевли

Statement oksford или brogues чевлите, по можност во две бои, се шик чевли за следната есен. Носете ги со класични, но исто така и со одважни модни комбинации.

Животински принт
Иако е модерен неколку сезони така ќе биде и оваа есен. Печатот на леопард сè уште доминира.

Сандали за прослави и забави
Светликави или со украси, сандали со минимален број на ременчиња ќе бидат модерни во текот на есента.

Квадратен врв
Модата ви делува де-моде, но квадратниот врв се враќа на малата врата. Голем хит на есента!

Мартинки
Овие чизми се чини дека “работат” секоја сезона во годината. Но оваа есен, дизајнот на Dr Martens ќе биде помодерен од било кога.

Карактеристична пета
Оваа есен слободно експереиментирајте со пети во сите облици, големина и бои. Овој модел ќе биде голем есенски тренд.

Chunky
Верувајте или не, но трендот на големи патики продолжува и за оваа есенска сезона.

Кафената е новата црна
Заборавете на сите модни комбинации во црна боја. Кафените чизми се голем хит на оваа есен.

Чизми со набори
Чизмите со набори добро се комбинираат со фармерки, долги или кратки фустани, здолништа или шорцеви. Ќе бидат многу модерни во наредната есен.

Каубојки
Каубојските чизми се неизбежни за време на претстојната есен, се носат со фармерки, наметки или здолништа.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРастенија кои треба да ги има секој дом!
Следна објаваПет причини зошто не треба да ги избегнувате јагленохидратите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР