Кинески долар
Ова растение сака светли места, но без директна сончева светлина. Што се однесува до наводнувањето, доволно е еднаш добро да се полие со вода, а потоа да се дозволи почвата целосно да се исуши пред повторно наводнување. Драматичниот изглед на листот сигурно ќе го привлече вниманието на многумина, па затоа е на прво место на оваа листа.

Алоја
Алое растението го сака сонцето и бара наводнување со вода еднаш неделно. Чувајте ја во високи саксии за нејзините лисја да не удираат на подот, но исто така и за подобар изглед.

Змеј дрво “Dracaena marginata”
Острите лисја кои растат на горе со црвениот раб совршено го опишуваат името на оваа прекрасно ратсение. Не сака премногу сонце затоа што му ги оштетува лисјата, па затоа треба да се чува на место со светлина и ладовина. Наводнување е умерено на неколку денови.

 Epipremnum aureum

Умерено наводнување и светли места без директна сончева светлина се две работи кои се важни за ова растение. Земјата никогаш не треба да биде потопена со вода. Изгледа одлично кога е поставено така што се качува околу некој објектот, но исто така и ако го направите во некоја обемна форма.

Кактус ” Свекрвин јазик”
Индиректната светлина е совршена за овој тип на кактус кој, исто така, не сака многу наводнување. Како и со претходното растение, залевајте го (во мала количина), тогаш кога земјата целосно ќе се исуши.

 

Фикус Бенџамин
Ова растение е како мало дрво во станот. Одржувајте ја влажноста нон стоп на земјатата и држете го на светло место.

 

Калтеја
Ова растение бара индиректно светло, но не во голема мера, бидејќи тоа негативно ќе влијае на изгледот на лисјата. Земјата не треба да биде премногу сува или премногу влажна, па залевајте го умерено со вода. Ви препорачуваме да го држите во бела класична саксија, така што шарените лисја ќе дојдат во прв план.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБохо-декорација: идеи со кои ќе го трансформирате секој дел од домот!
Следна објаваХит модели на чевли за оваа есен!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР