Принцот Хари и Меган Маркл вчера ја посетија изложбата организирана во чест на одбележувањето на 100-тиот роденден на Нелсон Мандела, а брачниот пар блескаше во елегантни, но сепак лежерни комбинации.

Хари беше прилично згоден во бела кошула, сиво сако и беж панталони, но сепак целото внимание беше свртено кон неговата сопруга Меган, која за помалку од два месеци од венчавката, успеа да го стекне статусот на модна икона.

Новата војводка од Сасекс повторно се одлучи за бојата што најчесто ја носи, а таа е една од бежовите нијансите. Таа прошета во фустанот на канадската марка House of Nonie, која наликува на познатиот trench baloner, со торба потпишана од Mulberry и Dior сандали, асè беше во истиот розово-беж тон.

Не можевме а да не забележиме дека на убавата Американка косата повторно и беше врзана во ниска пунџа, а оваа фризура полека, но сигурно, стана нејзин заштитен знак.


Таа повторно ја одушеви британската јавност со новото издание и успешно го помина уште еден моден тест.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПенелопе Круз е новата амбасадорка на брендот Шанел!
Следна објаваСонати за виолина и пијано на „Охридско лето“
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР