Трендовите се вртат во круг. Затоа, чувајте ги како очите во главата сите омилени работи, бидејќи она што сега е модерно, можеби повторно ќе биде во тренд за една деценија или две.

Таков е случајот со гумените сандали што ги носевме како деца на море. Тие беа неопходен додаток на нашето детство, а ги штитеа нашите стопала од лизгање по  карпите, камењата во плитко или не дај Боже, стоејќи на морски еж.

Сега, тие доживуваат голем камбек, а модната куќа Gucci им даде фенси име Gucci Jelly Crystal Cage сандали.

Се разбира, за нас, возрасните носталгичари, изработена е луксузна верзија со кристали и препознатливото престижно GG лого на едната сандала, додека другата има глава на тигар.

Додека ние ги купувавме за евтини пари, оваа луксузна верзија чини 650 долари :)*

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВнесете морски стил во вашето претсобје!
Следна објаваПантолони со висок струк за лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР