Од кога дознавме која е мистериозната дизајнерка на елегантниот свадбен фустан на Меган Маркл, Клер Вајт Келер, креативената директорка на модната куќа Живанши, ние сме сигурни дека работи со полна пареа.

Таа тукушто ја претстави колекцијата Givenchy Resort за 2019 година, која е дијаметрално спротивна на безвременската венчаница што ја создаде за Меган.

Новата колекција е своевидна ода на 80-тите години од минатиот век и миксот е ретро-современа варијанта наменета за мажи и жени.

Очигледно, Келер била инспирирана од линијата Живанши Спорт, која доминираше во 80-тите, а тоа е комбинацијата на силни графички дезени и оштри модерно кроени  силуети.

Со оваа колекција, Клер Вајт Келер им покажа на модните критичари дека таа може сé. Што се однесува до боите, видовме комбинација од циклама и кобалт сина кои добро се вклопуваат во монохроматски обрасци, како и разновидни материјали како што се свила, кожа и спортски материјали.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОда на минимализмот!
Следна објаваГенијални Fenty PUMA сандали за сезоната лето 2018!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР