Цветниот принт е во мода.

Дизајнерите велат дека хит на оваа пролет и лето е цветниот принт кој предизвикува ретро сентименталност.

Вие никогаш не би помислиле дека ретро-цветната софа, може да биде инспирација на денешните модни дизајнери. Меѓутоа, вистина е дека сите поголеми модни куќи ги вклучија цветните принтови како задолжителни за оваа пролет и лето. Marni, Marc Jacobs, Gucci или Dolce Gabbana – сите препорачуваат цветен принт како моден хит.

Но, најверојатно се прашувате како да носите цветен принт без да изгледате како  цветна градината во движење?

Прво нешто што е многу важно да се запамети е дека цветниот принт не поднесува  евтини материјали. Значи, ако сакате да изгледате елегантно и скапо, треба да знаете дека огромните извезени рози или лалиња, треба да бидат втиснати на квалитетни материјали – памук, свила или кадифе. Со цветен принт на вашата облека е исто како и со вештачкото цвеќе. Цвеќето на синтетичка облека делува како вештачки букет. Впрочем, тоа не е шик.

Одберете го вашиот цветен принт мудро. Не постои универзално правило како да се препознае визуелно убав и привлечен цветен принт. Едноставно ангажирајте ги очите и побарајте го тоа што вам намнмногу ви се допаѓа.

Сепак, постојат некои правила по кои треба да се придржувате, а тоа е – ако одберете покрупен цветен принт на одредено парче облека, во тој случај другите делови од облеката треба да бидат во неутрални тонови. Само така не ризикувате да изгледате како цветен тапет. Хармнонијата на боите е поважна од обликот на цвеќето кое сте го одбрале. Исто како на сликите кај импресионистите, на пример Claude Monet.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУживање во чоколадо без грижа на совеста!
Следна објаваХороскоп за ден 09.05.2018 година!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР