Летото се приближува толку брзо, што со нетрпение чекаме да одиме на море. Дали вие, веќе набавивте некој тренди костим за капење? Кога трендовите се во прашање, тие доаѓаат и си одат – важно е да имате модел кој добро ви стои.

Можеби немате тело како газела, но за одење на плажа, базен, езеро или река, мора да имате костим за капење. Костимот за капење е вашиот џокер за влез на плажа или во најдобриот бар на брегот.

Ако не сте информирани кои трендови на костими за капење оваа година се најзастапени, ние сме тука да ве информираме.

Во мода и понатаму се едноделните костими за капење, но доминираат асиметричните модели – тие кои имаат едно бретела преку рамето или оние кои имааат невообичаени изрези и пресеци.

Модерни се отпечатоци од цреша, точки и пастелни тонови.

Што се однесува до дводелните модели, популарни се тие кои имаат малку ретро изглед од 1960-тите, со долниот дел кој е подлабок и достигнува речиси до папокот.

Кога станува збор за деталите, дизајнерите и high street брендовите препорачуваат машни, перли или нитни. Едно е сигурно, печатот од цреша го замени минатогодишниот ананас.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПогледни ја програмата на Јавна Соба за оваа седмица
Следна објаваРапсодија од бои и дезени во новата колекција на “Zara”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР