Овие дами оставија свој силен белег во модната индустрија и секоја од нив имаше свој карактеристичен изглед. Погледнете за кои икони станува збор …

Неповторливите икони на стилот кои во средината на минатиот век го поставија темелот на модата и чии влијанија се гледаат и денес, секако служат како инспирација на денешните креатори и блогерки, кои чекор по чекор го зацврстуваат своето место во светот на модата.

Одри Хепберн

Таа беше слика и прилика на воздржана елеганција, како на малиот екран така и надвор од него, во приватниот живот. Всушност, чувството за мода во ликовите кои ги глумеше, честопати било под нејзино влијание.

Кој би можел да го заборави костумот на принцезата Ен во “Roman Holiday”, со долгото здолниште и рамните сандали – нешто што Одри често пати го носела или капри панталоните и балетанките во “Funny Face”… А што да кажеме за големите очила и малиот црн фустан во филмот “Breakfast at Tiffanys”? – незаборавно …

Џеки Кенеди Оназис

Пред Џеки, ниту една жена на политичар не го привлекуваше толку многу вниманието на себе. И додека многу очи и понатаму беа насочени кон Џон Кенеди, исто толку беа насочени и кон неа.

Нејзиното дамско однесување било присатно уште пред да почне да се појавува во јавноста. Кога се преселила во Белата куќа, Џеки го најмила познат холивудски дизајнер Олег Касини, кој го средил нејзиниот гардеробер.

Покрај него, Џеки со задоволство ја носела облеката од познатите дизајнерски куќи, Dior, Givenchy и Chanel.

Мерилин Монро

Сензуалноста на Мерилин Монро зрачела од секој нејзин чекор. Дури се пишувало дека чевлите за неа секогаш биле посебно изработувани, за да заведува со одот.

За време на краткиот живот, Монро покажа некои модни комбинации кои се сметаат за незаборавни: убавиот бел плисиран фустан, сатенско-розовиот фустан со ракавици во иста боја и беж фустанот во кој ја испеа “Среќен роденден господине претседател”.

Принцеза Дијана

Еволуцијата на принцезата Дијана од срамежлива девојка со румени образи до модна икона, се одвиваше пред очите на светот. Кога за прв пат се појави под рака со принцот Чарлс, нејзината облека претставуваше младост, невиност, но и неизвесност во однос на се уште не изграден моден стил.

Вистински пример дека Дијана како млада не можела да направи вистинки избор е нејзината венчаница – огромно здолниште и предолг вел во прв план. Сепак, модните критичари знаеја да поминат преку нејзините модни комбинации. Како што и растеше самодовербата на Дијана, така се менуваше и нејзиниот моден стил.

По разводот од Принцот Чарлс, принцеза Дијана почнала да носи провокативна гардероба и фустани кои ја прателе линијата на телото, а пред сѐ им останала верна до крај на дизајнерите Valentino, Versace и Chanel.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРучек за денес – запечен спанаќ со пармезан!
Следна објаваНовиот Porsche Cayenne сега е достапен и како plug-in хибрид
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР