Да се направи тоа што се уште не е видено е самата суштина на модата …

Оваа изјава е запишана на интернет од брендот Harrods, кој е целосно подготвен да ни ја претстави својата pop-up продавница во Лондон, креирана за хуманитарни цели. Овој британски луксузен бренд, ќе го лансира својот pop-up бутик во соработка со NSPCC и Cadogan Estates, а ветува изобилие на луксузни дизајнирски предмети кои се донирани со добра цел.

Fashion Re-told, pop-up бутикот, ќе биде сместен во улицата Sloane и ќе работи еден месец. Предметите кои се достапни за купување, вклучуваат дизајнерски и high-end парчиња кои се донирани од купците во Harrods, вработените и луксузни брендови како Mulberry, Loewe, Paul Smith и Rachel Riley.

Сите приходи од продажба ќе бидат целосно насочени кон организацијата NSPCC, која има за цел да ја спречи злоупотребата на деца во Обединетото Кралство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХороскоп за ден 20.04.2018 година!
Следна објаваМодерни полици како функционални прегради во мали простори!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР