Кога станува збор за модните недели кои што се одржуваат во светските метрополи како што се New York, Milano, London и Paris, може слободно да се каже дека полека но сигурно, го губат приматот на главни модни центри. Нивната улога долго време беше единствена во светот на модата и го носеа епитетот на “недопирливи”.

Дали е на повидок модна револуција на светската сцена?

Прага, Киев и Осло се само некои од светските престолнини кои храбро и пркосат на славната “модна четворка”. Несомнено е дека се наметнува еден нов пазар, каде е актуелен т.н. “Street style”.

Во голем подем се,  а стануваат и се повеќе популарни двата нови модни бренда кои со молскавична брзина се наметнуваат на модниот пазар. Тоа се чешкиот “La Formela” и полскиот “MISBHV”(MISBEHAVE). Тие се силно промовирани од страна на престижниот “W Magazine” и италијанскиот “Vogue”. На последните модни ревии кои што беа оддржани во Милано и Париз, брендот “MISBH” беше со воодушевување прифатен од страна на публиката.

Целта на овие два нови бренда е да се спојат во веќе воспоставената естетика и убавина на Источна Европа со авангардниот минимализам, а со тоа да се добие еклектицизам во облеката, каков што може  да се види на светските модни писти.

Светлото на денот во периодов кој што измина дефинитивно го виде полското издание на магазинот “Vogue” на чии насловни страни беа топ моделите Ања Рубик и Малгосиа Бела, фотограгирани од страна на еден од најдобрите модни фотографи на денешницата Јурген Телер.

Модните случувања кои беа присатни во Стокхолм, Киев и Копехаген пак го завземаа централното место на страниците на “Vogue Runway”. Пробивот на светската модна сцена не е воопшто лесен и потребно е нешто повеќе за да се биде успешен. Покрај Vogue како водечки светски моден магазин се повеќе се во пробив платформи како што се данскиот “DANSK”, шведскиот “INTERMISSION” и финскиот “SSWAN”.

Што е тоа што го интригира модниот свет кога станува збор за т.н “нови модни пазари”?

Како за почеток одговорот сам се наметнува. Тоа е несомнено “Street style”-от. Највлијателната web страница MODELS.COM која со големо внимание го прати секој нов чекор во модниот свет, Осло и Копенхаген се редовно застапени во сториите за стреет стајлот. Ако на ова уште и се додадат профилите на модните инфлуенсери на Инстаграм, секако дека се добива една добитна комбинација.

Многу важен сегмент во овој моден бизнис е да се поседува т.н “модна инфраструктура”. Токму тоа е она што го поседуваат овие нови модни центри, а тоа се модни магазини кои ги пратат најновите трендови, а сето тоа е направено со посебен и оригинален стил. Успешните промотори се уште една важна алатка во сето ова. Водечките топ модели играат важна улога во промовирањето на нивните матични земји пред модните моќници. Од Осло па се до Киев, досегашното искуство покажа дека може да се успее кога станува збор за издавањето на публикации. Така на пример “Indi” магазинот многу успешно се се продава ширум светот.

Рецептот за успех е тука, а нам ни преостанува будно да ги следиме најновите случувања кои претстојат на модната сцена и да видиме што понатаму ќе биде!

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР