На последните модни ревии кои беа одржани низ светските метрополи, може да се забележи дека високата мода се враќа во својот полн сјај. На тронот како некрунисан крал е кој друг, ако не модниот маг Karl Lagerfield, кој со својот искусен тим на соработници ги создава најлуксузните модни изданија.

Модниот гигант “Chanel"е една од ретките дизајнерски куќи која не потклекна на модерните трендови, кои пак резултираа со еден вид на претопување на PRET-A-PORTER и HAUTE COUTURE.

Иако тука, се работи за сосема различни изведби на COUTURE, заради економската криза која беше присутна неколку години и таа доби на некој начин една поинаква нота, стана во исто време попрактична за потрошувачите.

`Chanel`ја има таа привилегија да ги реализира сите замисли на модниот маг Karl Lagerfield, кои посебно доаѓаат до израз во Couture колекциите.

“Ја имам таа среќа да можам да го направам сето она што ќе го замислам со помош на моите прекрасни соработници, а тоа е голема привилегија и луксуз во денешно време” ќе рече Karl.

Дали сте го знаеле фактот дека за изработка на сите овие уникатни модели со декорации, везови и апликации се потребни часови и часови прецизна работа.

Во последната пролетна колекција за изработка на еден фустан биле потребни 120 часови работа. Целата работа на моделите се одвива во трите атељеа а тоа се; Montex, Lesage  и Chanel каде се изработуваат финалните финеси.

Финалниот “Fitting” се одвива во присуство на Karl, кој пак го има последниот збор во целата приказна. Во пролетната колекција се прикажани 50 прекрасни модели.

Во продолжение погледнете преку фотографски приказ како настанува една couture колекција почнувајќи од скицирање па се до изработка на финалниот производ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР