Jean-Paul Gaultier ја почна својата кариера како помошник на Pierre Cardin, каде забележал како “мајсторот” во еден момент, ги прекршува сите можни модни правила.
“Pierre Cardin отсекогаш бил слободна личност, кој работи тоа што го сака” – изјавил Jean-Paul Gaultier.
Во новата колекција пролет/лето 2018, на модната куќа Jean Paul Gaultier, се забележува силното влијание на дизајнот на Cardin, во момохроматските модели со кинетички ефекти, јакните со остри рамена и широките рабови.
Jean-Paul Gaultier е познат по спектакуларните модни ревии и секогаш се труди да ја забавува публиката. Овој пат со неговата муза, трудната Coco Rocha и нејзиното двегодишно девојче.