Поимот мода може да се разгледува од повеќе различни аспекти како што се: психолошки, религиозен, естетски, маркетиншки, економски, дизајнерски и политички. Во секоја од овие перспективи на гледишта може да се открие по некој битен момент за модата како еден феномен, но конкретната дефиниција е мошне тешко и прецизно  да се опише, бидејќи таа е еден вид “жив” поим и нејзината природа е од менлив карактер, а се прилагодува на времето во кое таа доминира. И како што ќе рече познатиот Оскар Вајлд за модата, “Таа е толку уметнички несовршена, така да мора да се менува на секој шест месеци”.

Најголемото влијание модата  го доживува за време на владеењето на Римјаните. Тие успеале да го наметнат своето влијание и својот стил, а и начин на облекување во сите области каде владееле.

Зборот мода води потекло од зборот  modus, што слободно може да се преведе као начин, ритам, мерка.

Во прво време основна функција на облекувањето било да се заштити телото од надворешни влијаниија како и од временските прилики. Вистинската мода се појавува малку подоцна. Иако модата може да се разбере како еден посебен начин на облекување, таа се се сведува на многу повеќе од тоа. Било потребно многу време за човечката свест да се подигне на повисоко ниво и да ја разбере модата на поинаков начин, а тоа само по себе подразбира, дека таа во голема мера невербално говори за идентитетот на една личност.

Надворешниот изглед е секако нешто што најпрво го забележуваме кај одредена личност. Затоа луѓето секој на свој различен и уникатен начин ја користи облеката за да може на еден невербален начин, да каже нешто повеќе за себе.

Иако претходно напоменавме дека со помош на модата човекот може на некој својствен начин да го изрази својот стил и идентитет, тоа не е единствен предуслов. Многу важно е, модата во одредени услови да се прилагоди на одредени општоприфатени критериуми кои се актуелни во одреден временски период. Можностите во облекувањето се безгранични, но тие се и во одредена мера и општествено детерминирани.

Модата му овозможува на човекот во исто време да се истакне од масата, но и да се стопи во истата. Значајно е да се напомене дека модата битно се разликува од самото облекување, иако тоа е поприлично тешко да се разграничи од една едноставна причина што овие два поими најчесто се испреплетуваат меѓусебно.

Во времето на ренесансата покрај другите видови на уметности и модата како така го доживува својот процут. Моќта на црквата почнува да слабее а со тоа човековото тело почнува да се слави како свето и добива позитивна конотација, а не како што до тогаш, било прикажувано како нешто грешно.

Човековата промена во односот на сопствената телесност е првиот чекор кон развојот на модата која пак ја доживува својата експанзија во времето на индустриската револуција. Со развојот на капитализмот како општествен и економски систем во голема мера се овозможува на модната сфера да се развива а најповќе поради слободниот пазар и големото потрошувачко друштво. Како што е веќе познато во тој период започнува да се создава класна нерамноправност, а со тоа се издвојува повисоката класа во тоа време наречена буржоазија. Како таква таа се стремеи кон се што е луксузно од гардероба до накит и се останато, а со своите манири на однесување таа несомнено се издвојува на повисок статус во општеството. Средната класа во тоа време колку повеќе се стреми да се приближи до повисоките од себе, не успева  бидејќи претходните секогаш успевале да најдат начин да се воздигнат на начин на кој ќе диктираат што е модерно. Франција е позната во историјата како првата и единствена држава во која е донесен закон за модата.

Желбата на тогашната буржоазија за да биде водечка фигура во модниот свет допринела да се појават голем број модни кројачи кои ги задоволувале желбите на своите богати клиенти. Подоцна во XVIIот век, се појавуваат и првите модни каталози а со тоа и појавата на нам добро познатата  Haute Couture. Главната одлика на високата мода е високо квалитетната изработка на вештите кројачи и модни дизајнери, кои ги доведуваат моделите до еден вид на совршенство.

Високата мода преставува исклучителен спој на уметнички идеи во начинот на дизајнирањето, вклучувајќи ја и беспрекорната изработка на моделите. Меѓутоа со тек на времето некои работи се менуваат во светот на модата и високата мода почнува на некој начин да ја губи битката во однос на масовното производаство на облека. На сцената стапува т.н Pret-a-Porter која всушност преставува облик на мода која е значително поефтина, а е верна копија на оригиналните скапи брендови. Стиловите во модниот свет се менуваат со вртоглава брзина а можеби и застаруваат, но никако не може да се каже дека сосема исчезнуваат од сцена. Стилот е вечен и трае многу повеќе од моменталните светски модни трендови. Затоа важи правилото за одредена личност дека има стл, а самата по себе е посебна и препознатлива, а воедно и уникатна.

Затоа драги наши дами, држете се до својот веќе изграден сопствен стил, не следете ги слепо модните трендови, тие се минливи, а она што останува и она по што ќе бидете препознатливи е вашиот личен, единствен стил.

НЕМА КОМЕНТАРИ