Ако се уште барате хит фустан, во кој сите ќе ги одушевите во новогодишната ноќ,  имаме неколку интересни предлози за вас.

Правилото според кое мора да се придржувате, ако вашиот избор е фустан – тој мора да биде елегантен, за нијанса повеќе од било кој фустан, што обично го бирате за други забави.  Значи, малку повеќе сјај и монистри.

Се разбира, ако не ги сакате сјајните фустани, изборот секогаш може да биде еднобоен фустан кој со материјалот и кројот ќе биде елегантен. Добар избор е кадифе, сатен, свила или квалитетна тантела. Кога станува збор за боите, со елегантен црн фустан никогаш нема да згрешите, а одлична алтернатива се бордо, огнено црвено, тегет или злато. Кога должината е во прашање, останува да се определите за таа која најмногу ви одговара.

Погледнете ги нашите предлози и инспирирајте се.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнтересна приказна која стои зад овој убав ентериер!
Следна објаваДекорирајте го домот со прекрасната Божиќна sвезда!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР