Убедливо најмодерен зимски материјал е твидот.

Најновите трендови покажуваат дека твидот никогаш не бил помодерен материјал  и да можете да го стилизирате како што сакате. Без разлика дали тоа е вашиот омилен капут, сако или здолниште. Никогаш не можете да направите грешки ако иодберете софистициран костим од твид. Тоа е дефиниција на елеганција и стил.

Карл Лагерфелд е еден од најпознатите модни дизајнери и овој моден гение го обожува твидот. Последната негова колекција Chanel Métiers d’Art 2018 е во некоја рака омаж на овој фантастичен материјал, кој го прослави Коко Шанел. Легендарни се и нејзините костими од твид, со препознатливите бисери и големите златни синџири

Твидот е мек материјал кој се појавува одамна во Англија, иако оттогаш, поминал низ многу промени за да го добие сегашниот изглед. Постојат многу различни твид ткаенини, изработени од различни шеми и бои. Уште една одлична работа е тоа што твидот можете да го носите во дневни комбинации, како и во поелегантни прилики. Костимите на Шанел се за сите времиња, а секоја жена која држи до стилот, треба да има еден ваков костим во својот гардеробер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајслатки зимски папучи за него и неа!
Следна објаваФенот за коса од 10.000 долари крие хумана намера!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР