Кога би морале да го одбереме најсестраното парче од нашиот гаредробаер, сигурно првото место би го зеле црните пантолони.

“Street style” ѕвездите и познатите трендсетерки, исто така, се согласуваат со нас, бидејќи добро знаат дека црните пантолони можат да одат добро со различни стилови.

Ние сме тука да ви дадеме неколку совети кои ќе ви помогнат како подобро да го зачинете вашиот стил со црни панталони …

Леопард дезен
Овој дизајн се смета за најпопуларен а воедно и е највпечатлив, но ако се комбинира со црни панталони – веднаш станува нослив и избалансиран.

Црвени чизми
Уште еден доказ дека црвената боја може да го разубави било кој стајлинг. Со црвени полу-длабоки чизми ќе изгледате одлично, а црните панталони нема да бидат ни малку здодевни.

Стил на осумдесеттите
Се враќаме на старите модните стилови, паметно, со ретро облека. Носете голем блејзер со двојно закопчување и длабоки чизми. Држете се до монохроматските и не  премногу сјајни нијанси, за шик и елегантен изглед.

Внесете различни бои
Додадете малку боја во горните делови на вашиот стајлинг. Шарена текстура на јакна е секогаш одличен избор за да ги акцентирате црните пантолони. Најдобар избор е јакна од вештачка кожа, која ќе ги освежи и ќе им даде гламурозен изглед.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаскоро ќе гледаме нова серија за брендот Juicy Couture!
Следна објаваПатување низ Баварија и Австрија
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР