Париз доби ново место кое сите љубители на модата мора да го посетат. Сместено на No.2 Place Vendôme во големата зграда од 18 век, во која и започна историјата на Louis Vuitton пред повеќе од 160 години.

Како дел од двете луксузни градски куќи и зад фасадата дизајнирана од познатиот архитект Jules-Hardouin Mansart, кој исто така е и архитект на замокот Versailles, тоа е местото каде младиот Louis Vuitton ја отвори својата прва продавница. Враќањето е обележано со работата на архитектот Peter Marina, кој е заслужен за враќање на Louis Vuitton во новата / стара продавница.

Во последните 300 години No. 2 Place Vendôme беше дом на богата елита и дворјани, вклучувајќи го и царот Napoleon III. Првично изграден како хотел Baudet de Morlet и Hotel Heuzé de Vologer, зградата се отворила во 1714 година. Но, од тогаш, внатрешноста на зградата значително се променила, особено во деструктивната фаза од 1980-тите.

Зад оригиналните фасади од непроценливи историски вредности, Peter Marina ја комбинираше традицијата со иновации користејќи техники и материјали кои ја истакнуваат француската историја и занаетчиство, а сепак, совршено ги интегрира ултрамодерните аспекти.

Со облека и модни додатоци на брендот Louis Vuitton, во продавницата има и 33 современи уметнички дела на Laurent Grassa, Yan Pei Ming, Stephen Sprouse, Serge Alain Nitegekа и Paulа Nabulumo.

Без разлика дали барате нови модни парчиња од Louis Vuitton или не, на следното патување во Париз, не заборавајте да го додадете Maison на вашата листа, кое треба да ги посетите.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваTimberland слави 10 години во Македонија
Следна објаваДеликатна колекција на украинска уметница!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР