Секоја девојка, барем еднаш сонувала за својата венчаница, а белите венчаници, секогаш биле сметани за најдобар и единствен логичен избор. Меѓутоа сега, тоа не е така и во 2018 година, се повеќе невести ќе се откажат од белата боја.

Но, без грижа, сите идни невести кои се одлучиле да носат бела венчаница, секако, дека можат да го направат тоа, иако трендот на бои за 2018 година ќе биде нежни розови нијанси. Розовата боја ја задржува нежноста и невиноста, а сепак му дава дополнителен карактер на фустанот.

Најновите трендови зборуваат за избор на повеќе од еден фустан. Значи, невестите почнуваат неколку пати да се пресоблекуваат. Еден фустан за прием на гостите, другиот за церемонијата, третиот за забава …

Деликатните ткаенини, како што се свила, тантела и нежен тул, сè уште се најбарани. На крајот, најважно е секоја невеста да го најде својот фустан од соништата во кој ќе се чувствува како вистинска ѕвезда, а при изборот, не заборавајте на удобноста. Сигурно не сакате да бидете роб на својот фустан, а тој треба да се сплоти во вашата идеална слика, за најважниот ваш ден во животот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИстражувањето покажа колку минимално треба да вежбате за видливи резултати
Следна објаваПогледнете го новиот трејлер за филмот”Fifty Shades Freed”!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР