“Помалку е повеќе” може да звучи како клише, но со добра причина. Кога се користи на вистински начин, минималистичкиот изглед на некоја личност, може да изгледа елегантно и префинето.

Минималистичкиот пристап на облекување, стана многу популарен во времето на Големата депресија. Купувачите и дизајнерите станаа многу внимателни. Двете страни сакаа да инвестираат во безвременски класични парчиња, кои ќе траат доживотно. Прво, затоа што во тоа време, тоа се чинеше најмногу разумно. Второ, се покажа дека овој стил воопшто не е здодевен.

Мора да инвестирате во квалитетни парчиња за да ја совладате минималистичката естетика. Овие едноставни парчиња облека кога се комбинираат, креираат изглед кој делува луксузно и префинето, без оглед на цената.

Факт: Ако знаете како да се облечете минималистички, дури и наједноставната бела мајца или бела кошула ќе изгледаат луксузно и скапо на вас.

Секој поддржувач на минимализмот има неутрални парчиња во својот гардеробер.  За есен и зима, размислете да инвестирате во капут – камел боја, плетени еднобојни џемпери и  еден пар добри чизми, до глужд. Вашата палета на бои треба да биде едноставна. Повеќето минималисти се одлучуваат за основни нијанси на неутрални тонови, со само понекој додаток во некоја популарна боја.

Најважно е да ја одберете палетата на бои, што вам најдобро ви одговара. Нека тоа бидат парчиња во црна, беж, бела, тегет, темна или светло сива боја. Ова се боите кои нужно мора да се најдат во гардероберот на една минималистка.

Едноставните и чисти линии, се клучни моменти на минимализмот. Кога ќе се одлучите за овој вид на облека, по кратко време, гардероберот ќе ви биде полн со работи кои лесно меѓусебно се комбинираат едни со други.

Секоја минималистка има добар капут, мантил, мокасини, рамни чизми до колено, стилето чевли во црно или беж нијанса, бела кошула, 3-4 висококвалитни џемпери, монохроматски маици и мал црн фустан.

И да, тие не купуваат импулсивно, туку промислено.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваRage Yoga, во која е дозволено пцуење и врискање стана нов тренд!
Следна објаваСпектакуларен пентхаус во Сан Франциско!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР