Поради големиот број на модни опции, често пати ни се случува да не знаеме како да го планираме идеален стајлинг.

И покрај фактот дека денес има многу работи кои се во тренд и дека со било која облека може да изгледате одлично и стилски правилно, сепак, треба да воспоставите некои основни правила во вашата рутина. Се разбира, најважно е да се чувствувате удобно во облеката и чевлите што ги носите, а потоа оди се друго.

Ви претставуваме совршен моден водич кој на наједноставен начин ќе ја претстави идеалната комбинација на бои кога станува збор за облека и обувки. Уживајте!

Бели панталони
Белата е универзална боја за основа, што оди речиси со сè. Сепак, обидете се да избегнете носење на црни чевли со бели панталони, кога станува збор за формален, деловен стил, бидејќи оставаат впечаток на воображеност.

Идеални бои на чевли: бела, кафеава, кралска сина, виолетова, црвена, зелена, бордо, портокалова …
Избегнувајте: црни чевли

Црни панталони
Често се смета дека црнaта боја оди со сè. Но, не оди сè со црно! Како што веќе споменавме, не носете бели чевли на црни панталони и обратно. Истото важи и за нијансите на кафената, бидејќи може да дојде до дебаланс (црната боја се смета за елегантна, а кафената боја е кежуал нијанса).Избегнувајте: бела, кафена и нијанса на праска;
Беж панталони
Обидете се да ги спарите со светли нијанси на чевли, а избегнувајте ги црните чевли, бидејќи ќе создадете премногу остар контраст – што не е добро.

Избегнувајте: црни чевли

Светло-кафени нијанси
Црните и сивите чевли се дефинитивно забранети ако носите панталони во оваа боја. Но, може да експериментирате со зелени и бургунди чевли.

Избегнувајте: сиви и црни чевли

 Темно кафени панталони
Оваа нијанса на панталони е најтешко да се комбинира. Сепак, големо не за црните и сивите чевли, но и на сите нијанси на црвената и виолетовата боја. Интересна комбинација може да се направи со зелени чевли и темно сини тонови – на овој начин вашиот стил ќе изгледа посвеж и поубав.

Идеални нијанси: зелена, темно сина, бела, портокалова
Избегнувајте: црна, сива, црвена, виолетова

Син тексас
Било која тексас варијанта, од насветли до најтемни, оди со сè.

Маслиново-зелени
Во овој случај, единствената боја што може да го уништи вашиот стил е зелената. Како и за други бои – сè доаѓа во опција и од вас зависи да експериментирате и да го најдете вашиот стил.

Избегнувајте: зелена

Бургунди
Бургунди панталони ќе се вклопат со повеќе различни нијанси, освен со виолетова и темно кафеава. Можете да пробате стајлинг со овие пантолони со зелени или сини  чевли, за да ги акцентирате. Ако вашиот стил е едноставен и класичен, обидете се со чевли во сива нијанса.

Избегнувајте: виолетова, темно кафеава

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМесец во вашиот ентериер!
Следна објаваКулинарски тренд 2017: latte 3D!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР