Најдобри мантили за оваа есен!

Најдобри мантили за оваа есен!

Постои едно класично парче од облеката кое никогаш не излегува од мода, а секоја есен повторно уживаме во него…

Во 19 век, мантилотот бил користен за да ги заштити војниците од ветровито време. Денес, мантилот е апсолутно парче од облеката, кое мора да се има. На секоја модно освестена жена, мантилот и е основа на есенското облекување.

Мантилот бил дизајниран и создаден од англискиот дизајнер Thomas Burberry, а останатото е историја. Тој е еден од најпознатите дизајни во светот на модата и е апсолутна класика.

За да се нарече овој дел од облеката класичен мантил,  мора да исполнува одредени критериуми, а тие се:
– Не смее да има качулка
– Секогаш има дупло копчање
– Изработен од отпорна мешавина од памук или волна
– има преклоп на градите и појас за врзување околу половината
Секако, откако овие критериуми ќе бидат задоволени, сè понатаму е предмет на бесконечни опции и лични преференции.

Ако не можете да си дозволите “оригинален”  Burberry мантил, ние ви прикажуваме листа на други мантили кои се секогаш интересни и достапни со цената.

Zara / Mango

Боја за есенските тмурни денови

Не се двоумите за боите. На есен или во зимскиот период, најчесто употребуваме темни и еднобојни облеки, но оваа сезона боите се во тренд,  и затоа не плашете се да го развеселите денот за себе, како и за сите околу вас.

Massimo Dutti / Zara / Orsay

Темна класика за сите прилики

Ако сеуште ги преферирате темните бои за есен, ви прикажуваме три мантили кои брзо и лесно ќе се вклопат во башата гардеробата. Комбинирајте ги со интересни чизми во бои, а ако сте вистинска класичарка, прошетајте се и со црвен или моментално хит темниот бордо кармин.

Stradivarius  / Zara / United Colors of Benetton
СПОДЕЛИ
Претходна објаваRoccoco,стил во уметноста(1700-1750)
Следна објаваMarc Tran | Поезијата на црно-белата архитектура
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР