Цветните чизми на Баленцијага кои го освоија модниот свет, сега добија релативно поприфатлива  цена, која изгледа подеднакво неодоливо и шарено.

Сепак, постои еден проблем. Тие чинат 398 евра. Дури и ако сакавте да ги купите, повеќе не можете да го направите тоа, затоа што се целосно се распродадени.

Но има нешто ново…Британскиот бренд Ego исфрли чизми кои со нивниот дизајн, како и печатот, неверојатно потсетуваат на оние на Balenciagа. Тие се толку слични што ги нарекоа вистински клон. Дури и најдобрите модни познавачи ќе треба добро да ги затријат очите за да видат дека тие всушност не се чизмите на познатиот француски моден бренд Balenciaga. Но, најдобро од сè е всушност нивната цена. Таа е далеку поприфатлива, од само 45 евра.

Balenciaga 398 евра / Ego 45 евра

Клучот за успехот на овие чизми се интересните отпечатоци и нивниот дизајн, односно, следење на трендот чорапи-чизми. Благодарение на петицата, нозете изгледаат издолжени, а чизмите се затегнати на глуждот, што ги прави стабилни за одење. Носете ги со фармерки како и со фустан, а за постудени денови, ќе ги комбинирате со макси џемпер.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправете го сами: голем и удобен шал!
Следна објаваBeyoncé и Jay Z купија куќа вредна 26 милиони долари!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР