Ова лето бевме сведоци на плетените торби и кошници, кои ги наполнија улиците и продавниците, а сега следи продолжение во форма на jelly торби.

Jelly торбите се инспирирани од пластични цекери за на пазар, кои ги имало на времето во медитеранските земји, кога повеќето од нас се уште сме биле во градинка или само што сме тргнале на училиште.
За разлика од старите торби од тврдата и неудобна пластика, овие нови торби се направени од гумен материјал кој совршено се прилагодува на раката.

Секоја светска модна блогерка има по една од овие чанти во својот гардеробер.

Кога станува збор за бои, гумените торби доаѓаат скоро во сите бои што можете да ги замислите. Сепак, ја препорачуваме црвената, која веќе ја истакнаа како нова хит есенска боја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваШто се случува кога вајар, инжењер и пекар ќе одлучат да направат десерт?
Следна објаваSирнете во најубавите гаредеробери на познатите!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР