Македонскиот бренд за првокласна модна облека – Bella го претстави духот на новата колекција преку ликот на Росана Јанков.

Модерната, деловна жена е инспирација за искусните дизајнери и кројачи во Bella повеќе од 25 години, па така и новата колекција е наменета токму за овие дами, што може да се забележи и по изборот за модел кој ќе ја претстави пред јавноста.

„Росана е наш редовен клиент и вистински модерна дама со префинет вкус, и оттаму беше сосема логичен избор за лице кое ќе покаже како ние ја замислуваме нашата облека во секојдневниот живот. Стилот кој го креираме како синергија помеѓу квалитетот и грациозноста отсекогаш ги отсликувал нашите вредности, нешто што најдобро може да го покаже жена која вистински верува во тоа.“ – објаснуваат од Bella.

“Крој по мерка” е еден вид мото, но и систем на корисничка грижа во оваа компанија, ставајќи ги клиентите во фокусот во секој сегмент од процесот на создавање парчиња облека кои ја слават посебноста на секоја жена. А тоа се чини дека е тајната за создавање лојални клиенти.

„За мене Bella е синоним за уникатен и впечатлив изглед, идеален за она што ми е потребно, имајќи во предвид дека мојата работа вклучува чести телевизиски појавувања, како и формални настани каде што ваквиот изглед е речиси задолжителен. Но, надвор од ова, во оваа облека се чувствувам навистина пријатно. Внимателно избраните материјали скроени во беспрекорно модерни модели секој пат ги надминуваат моите очекувања. Чест ми е што сум дел од овој проект на брендот кој се грижи за изгледот на нашите деловни и модерни жени.“ – вели Росана Јанков.

***Информации за колекцијата ***

Новата колекција на Bella изобилува со прекрасни детали кои ја красат секоја жена. При изработка се користени лесни материјали кои овозможуваат пријатно чуство во текот на целиот ден. Дезените кои Bella ги креираше за оваа колекција се разликуваат за секоја пригода. Од моменти на медитерански стил до супер модерни урбани средини. Од нежни моменти на комфор и префинетост до деловна супер моќна жена. Оваа колекција на Bella е нешто задолжително за секоја успешна жена.

Летото е наменето за среќни денови проткаени со насмевки и незаборавни моменти кои на крајот резултираат со посебна приказна која засекогаш се памети. Ова лето создадете ја својата!

Од денови поминати во уживање под летното, сино небо до вечери полни со смеа и забава, оваа сезона исполнете ја со позитивна енергија и моменти кои никогаш нема да ги заборавите.

Местата кои ги посетувате и луѓето кои ги запознавате се оние кои секој момент го прават посебен. Бидете дел од градот, бидете дел од случувањата… Посетувајте културни настани, коктел забави, прослави… Бидете во центарот на вниманието и дел од сечија приказна. Чувствувајте се пријатно во своја кожа, покажете го вашиот уникатен стил и не плашете се да ја истакнете вашата елеганција и убавина.

Bella ја создаде новата колекција за да ја надополни приказната на секоја дама, со модели кои се вистински спој на женственост, отменост и грациозност.

Приказната за Bella започнува од 1991 година во облик на кројачница која за кратко станува една од омилените во Скопје. Низ годините прераснува во истакнат бренд на женска облека која неуморно наоѓа решенија за модните желби на современата жена, со ексклузивен стил и оригиналност.

 

Модел: Росана Јанков

Шминка: Зоран Шурбевски

Накит: Tesoro Skopje

Чевли: Nine West Makedonija

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Обичниот човек” се разбуди во Германија!
Следна објаваНајубави летни омбре фризури!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР