Haute Couture дизајнерот Elie Saab, ја претстави својата нова Resort 2018 колекција!

Elie Saab - resort 2018Saab е еден од најпознатите дизајнери во светот и многу познати дами ги обожаваат и често гордо ги носат неговите волшебни креации. Saab беше всушност првиот либанскиот дизајнер, кој имаше можност да го креира фустанот за оскаровката – Хали Бери, 2002 година. Тој не е познат по едноставни крации, туку по интригантни ремек-дела кои се вистинско доживување за окото. Неговиот дизајнерски стил може да се опише како експлозија од бои, бисери, везови и луксузни материјали.

За новата колекција Resort 2018 година, Elie дизајнираше многу парчиња на облека, не само фустани. Неговата цел беше да го внесе гламурот на висока мода во облеката што ја носиме секој ден. Како инспирација му послужи длабочина на морето и подводниот свет. Кога ќе ги погледнете неговите нови неверојатна комбинации на бои, ќе почувствувате како одеднаш да сте пристигне во некоја сосема нова димензија.

Електричниот дел од колекцијата, ни го претстави со неколку фустани од шифон во повеќе бои. Енергичната портокалова е прекрасно комбинирана со светло сината и виолетовата лаванда, па така фустани изгледаат како да “горат”.

Во оваа колекција, тој ни претстави и неколку варијации на црни фустани, па ти се достапни во едноставна и кратка верзија со карнери, детали од тантела и црни појаси. Долгите црни фустани се категорија за себе, бидејќи се вистински носиви уметнички дела. Тие се украсени со елегантна црна монистра и претставуваат врвен дизајн за секоја љубителка на модата.

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНова летна опсесија!
Следна објаваДетализирани хартиени резби од Pippa Dyrlaga
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР