Летото според Springfield е претставено преку лежерноста и разнобојните варијанти на модерните парчиња, што  одлично ќе се вклопат со плановите кои ги кроите за оваа сезона.

Во продолжение погледнете го најновото и најдоброто од овој бренд за актуелната сезона. Ова лето нека биде во знакот на Springfield.

Ethnic Vibes

Летната колекција изобилува со геометриски принтови кои даваат изглед инспириран од етно мотивите. Модните парчиња со африкански дух како комбинезоните, кратките фустани и флоралните везови на здолништата се задолжителни во секојдневното комбинирање.

Парчињата во „момчешки” крој како тексас јакните и кошулите без ракави совршено ќе ја комплетраат летната гардероба

Let’s  get tropical

Тропско чувство во розово-портокалови нијанси – принт кој е популарен во летната колекција на лесни материјали и многу женствени кроеви. Наборите се појавуваат на едноделните парчиња како комбинезони и кратки фустани, а шорцовите се одликуваат со заврзувања околу половината. Опуштен стил за топлите денови под сонцето!

Say it with colours

Со доаѓањето на летото и менување на облеката во гардеробата, колекцијата инспирирана од Куба ни ги носи „најкул” и највпечатливите парчиња. Блузи без ракави и со врзвување на половината, шорц во повеќе бои и кроеви, како и модни додатоци со украсни парчиња и амблеми ќе ја разиграат секојдневната комбинација. Летните мотиви и деталите од монистра ќе внесат поуникатен изглед во комбинација со сандали и металик чанти.

 

Daily Smart

Основата на секое парче од Springfield е ‘daily smart’ линијата – вклучува облека за секој ден која истовремено е професионална и шик. Ова лето тренд се асиметричните вертикални линии на едноделните парчиња како комбинезони со средна должина со пресек на половината и фустаните со детали на врзување со прилагодување. Блузите со голи раменици и ленените панталони се одлична опција за комбинирање со сандали и чанти со две лица.

 

Block colours

Клучен елемент на маиците е спортскиот изглед кој е достапен во повеќе бои и шари. Разиграна колекција за момците на Springfield кои ова лето задолжително треба да поседуваат поло-маици и бермуди кои се одликуваат со пругаст принт и колор-блок комбинација на бои.

 

Soft Jungle

Пастелните тонови се повторно актуелни оваа сезона, но во посуптилно издание претставено преку тропски принтови. Маиците со кратки ракави и летни мотиви како палми, одлично се комбинираат со џинс парчињата.

Сините и розови тонови ќе бидат вистински избор за оваа тренди линија.

Друг клучен елемент кој се вклучува е ефектот на избледеност од сонце.

 

Indigo Blue

Еден од најактуелните трендови за сезоната се индиго нијансите. Модерни тонови кои се комбинираат со монохроматски изглед за деновите под сонцето.

Овие тонови се појавуваат на бермудите, маиците со целосен принт и кошулите со кратки ракави и со тропски дезени.

Оваа морнарска боја комбинирајте ја со обувки во контрастни земјени тонови.

 

Daily Smart

Линијата ‘daily smart’ е задолжителна во гардеробата на секој Springfield маж. Овие парчиња имаат поформален изглед, но го задржуваат опуштениот стил кој го дефинира брендот. Колекцијата вклучува ленени кошули и панталони, како и слим-фит чино панталони во различни бои.

Променете го стилот со кратка верзија на овие изгледи и искомбинирајте ги со бермуди во природни и земјени бои кои ќе ги носите во топлите летни денови

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМодерни три-димензионални гоблени – таписерии!
Следна објаваИзвонреден студентски проект за проблемот со загадување на водата!
Дивиан Артс е првата и единствена веб страница во Македонија која ги пренесува сите облици на уметност во креативна форма до своите читатели. Целта на Дивиан Артс е да ги врати вистинските уметнички вредности во Македонија, да ја разбуди креативноста и да остане во чекор со последните случувања од областа на уметноста. Патем, да ги едуцира и промовира младите на културно и општествено ниво, да им помогне да се изградат како составен дел од нормалното и професионално живеење, без да заборават на својата креативност и потреба од уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР